Германија: Маските од денеска се задолжителни во Бундестагот, казната за непочитување и до 25.000 евра

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Претседателот на германскиот Бундестаг, Волфганг Шојбле нареди задолжително носење na заштитна маска во германскиот Парламент поради влошенаta епидемиолошка состојба во земјата.

– Обврската стапи во сила денеска”, соопшти Бундестагот.

Шојбле се одлучи на ваков чекор затоа што, како што рече, мора сериозно да се сфати развојот на епидемиолошката состојба во земјата. Обврската за носење маски во Бундестагот важи за сите простории, вклучително и пленарната сала, просториите за состаноци и за протоколарни средби, канцелариите, итн.

Во Бундестагот досега важеше само итната препорака за носење маски, но таа не беше почитувана на сите места, се наведува во соопштението.

Во просториите за состаноци, вклучувајќи ја и пленарната сала, маската може да се отстрани само доколку растојанието меѓу лицата е најмалку еден и пол метар. Пратениците и министрите кои ќе зборуваат во пленарната сала ќе можат да ги симнат маските само додека зборуваат од говорницата или пред микрофоните во салата.

Повреда на обврската за носење маска може да се казни со парична казна до 25.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот