Германија: Лицата под 60-годишна возраст наместо втора доза на Астра Зенека да примат mRNK вакцина

Во препорака на својата веб-страница, СТИКО наведува дека не постојат научни докази за безбедноста на мешовитата серија на вакцини.

Германската комисија за вакцинација (СТИКО) им препорача на луѓето под 60-годишна возраст, кои веќе ја примиле првата доза на вакцината на Астра Зенека против коронавирусот, да се ревакцинираат со „друг производител”.

Во препорака на својата веб-страница, СТИКО наведува дека не постојат научни докази за безбедноста на мешовитата серија на вакцини.

– Додека не бидат достапни соодветни податоци, СТИКО препорачува на помладите од 60 години наместо втора доза на Астра Зенека по 12 недели да им се даде доза на mRNK вакцина, се нагласува во соопштението.

Вакцините со mRNK ги вклучуваат оние кои ги произвеле компаниите Фајзер/Бионтек и Модерна.

На почетокот на оваа недела, Германија соопшти дека вакцината на Астра Зенека треба да им се дава само на луѓето над 60-годишна возраст поради ретките, но сериозни појави на тромбоемболиски несакани ефекти. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот