Германија ќе се брани од економска криза со 156 милијарди евра

После шест години без задолжување, германската Влада со измени во буџетот сега предвидува задолжување, поради што Бундестагот во текот на оваа недела мора да ја стави вон сила, т.н. „сопирачка за задолжување”.

Германската Влада донесе мерки за поддршка на семејствата, потстанарите, вработените, претприемачите, но и фирмите погодени од мерките против епидемијата, а борбата за спас на економската криза ке ја задолжи земјата за 156 милијарди евра.

После шест години без задолжување, германската Влада со измени во буџетот сега предвидува задолжување, поради што Бундестагот во текот на оваа недела мора да ја стави вон сила, т.н. „сопирачка за задолжување”.

Според усвоениот пакет мерки за помош, малите фирми, фирми со само еден вработен, ќе добиваат директна помош до 15.000 евра во текот на три месеци.

Преку Фондот за стабилизација треба да се зајакнат големите фирми со дополнителен капитал, а државата, доколку е потребно, може да преземе удел во компаниите.

Исто така, денеска почнува неограничена вонредна програма за давање кредити преку Банката за развој KfW.

Покрај тоа, изнајмувачите на станови веќе не можат да им откажуваат на станарите кои не се во состојба да платат кирија поради кризата предизвикана од коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот