Германија ќе одржи посебен состанок за примена на мерките за помош

Германската канцеларка Ангела Меркел/ Фото: Архива на Слободен Печат

Со пакетот се предвидува исплата на средства за помош како дел од мерките но и исплата на готовина на родители.

Германската канцеларка, Ангела Меркел, планира за в петок да свика и да одржи посебен состанок на кој ќе се разговара за почеток на примената на голем дел од пакетот економска помош тежок 130 милијарди евра, пренесува „Ројтерс“.

Се очекува дека кабинетот на германската канцеларка ќе го отвори патот кон привремено намалување на данокот на додадена вредност.

Со пакетот се предвидува исплата на средства за помош како дел од мерките но и исплата на готовина на родители.

Дел од средствата ќе бидат наменети и за поттикнување на потрошувачите да инвестираат во купување на нови електрични возила, пренесува „Ројтерс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот