Германија ќе ја прогласи Шпанија за ризично подрачје поради коронавирусот

Плажа во Шпанија / Фото EPA-EFE/Elvira Urquijo A.

Германската влада регионите во ЕУ ги смета за високо ризично кога бројот на новозаразени ќе надмине 50 на 100.000 жители за седум дена.

Германија одлучи да ја прогласи речиси цела Шпанија, вклучувјаќи го и островот Мајорка, за ризично подрачје поради забрзаното ширење на коронавирусот, изјавија денеска извори од германската влада.

Одлуката им зададе удар на надежите за брзо опоравување на масовниот туризам после повеќемесечниот карантин.

Дневниот весник Билд објави претходно дека Мајорка е додадена на листата на високо ризично региони која ја објавува Институтот Роберт Кох (РКИ), германската агенција за јавно здравје.

Извори велат дека цела Шпанија, освен Канарските острови, ќе биде впишана во новата листа на ризични регони на РКИ.

Откако некој регион ќе биде означен како ризичен, обично следува предупредување од германското министерство за надворешни работи туристите да не патуваат во тоа подрачје, а оние кои се враќаат мора да се тестираат на коронавирус или задолжително да поминат две недели во карантин.

Германската влада регионите во ЕУ ги смета за високо ризично кога бројот на новозаразени ќе надмине 50 на 100.000 жители за седум дена.

Бројот на заразени во Шпанија последните денови нагло порасна откако пред седум недели е укинат строгиот карантин.

Во петокот се пријавени речиси 3.000 новозаразени, што е речиси двојно повеќе од просекот во првите 12 дена од август. Вкупниот број на заразени е  342.813, најмногу во Западна Европа. Починаа 28.605 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот