Германија ќе ја препорача вакцината на Џонсон и Џонсон за лица постари од 60 години

Џонсон и Џонсон вакцина/ Фото: ЕПА

Европското регулаторно тело за лекови ја поддржа вакцината минатиот месец, откако ги испита ретките случаи на згрутчување на крвта кај возрасни лица во САД кои примија единечна доза.

Германскиот комитет за вакцини СТИКО ќе ја предложи вакцината против коронавирус на „Џонсон и Џонсон” за лица постари од 60 години, објави денеска Шпигл.

Европското регулаторно тело за лекови ја поддржа вакцината минатиот месец, откако ги испита ретките случаи на згрутчување на крвта кај возрасни лица во САД кои примија единечна доза.

Ова тело, сепак, им остави на земјите-членки на ЕУ да одлучат како да ја користат вакцината.

СТИКО исто така ја препорача вакцината „АстраЗенека” на лица над 60 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот