Германија ќе издвои до 750 милиони евра за развој на вакцина против коронавирусот

Фото: EPA-EFE/HOTLI SIMANJUNTAK

Германија ќе издвои до 750 милиони евра за поддршка на три домашни фармацевтски компании што работат на развој на вакцина против новиот коронавирус.

Германската министерка за наука Ања Карличек изјави дека Владата веќе донела одлука да ги даде парите на компаниите „BioNTec” и „CureVac”, додека наскоро треба да завршат разговорите со третата компанија „IDT Biologika”.

Договорот со тие три компании ќе и обезбеди на Германија 40 милиони дози вакцини, покрај оние што ќе ги добие преку ЕУ, како нејзина членка.

Карличек додаде дека Германија нема намера да ги скрати безбедносните процедури при тестирање на вакцините, што значи дека поголемиот дел од населението ќе мора да почека до средината на 2021 година за имунизација.

Министерот за здравство Јенс Шпан изјави дека Германија има намера да им дава вакцини на другите земји кои нема да им се потребни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот