Германија како неправедна ја оцени одлуката за протерување на дипломатите од Русија

Германија денеска ја оцени како неправедна одлуката на Русија да протера двајца германски дипломати од Москва, што беше одговор на одлуката на Берлин минатата недела да прогласи двајца руски дипломати за „персони нон грата”.

Германија го најави протерувањето на двајца руски дипломати минатата недела поради, како што наведе, одбивањето на Москва да соработува во истрагата за убиството на еден грузиски државјанин, за кое германските обвинители ги сомничат Русите или Чеченците.

– Германската Влада со жалење ја констатира одлуката на руските власти да прогласат двајца вработени во германската амбасада во Москва за „персони нон грата”, наведува германското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека „тоа испраќа погрешен сигнал и е неправедно”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот