ГЕРМАНИЈА ЈА СПУШТИ РАМПАТА: На нив и понатаму не сакаме да им продаваме оружје

Владата на германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја продолжи забраната за извоз на оружје во Саудиска Арабија.

Како што пренесува Ројтерс, повикувајќи се на неименуван извор од германската влада, Германија последен пат ја продолжила забраната за извоз на оружје во Саудиска Арабија кон крајот на март, а таа би требало да истече на 30. септември.

Меѓутоа, според зборовите на тој избор, забраната ќе биде продолжена поради војната во Јемен и поради тоа што германските социјалдемократи и натаму се против укинување на мораториумот.

Од друга страна, агенцијата АП пренесува дека пратеник од партијата на германската канцеларка, Јирген Харт, рекол дека Берлин повторно би требало да ја разгледа својата забрана за извоз на оружје во Саудиска Арабија, имајќи ги во предвид нападите на нафтните постројки во таа земја.

Тој рекол дека укинувањето на забраната за извоз на одбранбените системи на вооружување е во стратешки интерес на Германија, за да и помогне на Саудиска Арабија да се заштити.

Тој го повикал Берлин и да ја преиспита политиката која се води кон Иран, наведувајќи дека „не постојат јасни докази за директни воздушни напади на Иран на саудиската рафинерија, но и дека е очигледна блиската соработка на Иран со Јеменските Хунти“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот