Германија ја прекинува употребата на вакцината на АстраЗенека

Фото: EPA-EFE/JOE GIDDENS / POOL
Германската Влада денеска соопшти дека ја прекинува употребата на вакцината против коронавирусот на АстраЗенека поради случаи на појава на згрутчување на крвта.
Германското Министерство за здравство во соопштението наведува дека одлуката ја донело од „претпазливост” и по совет на националниот регулатор за вакцини.

Во соопштението се додава дека Европската агенција за лекови ќе донесе одлука „дали и како новите информации ќе влијаат на одобрувањето на вакцината”.

Според Министерството, случаи на згрутчување на крвта биле пријавени по примањето на вакцината, но не дало повеќе информации.

Неколку европски земји времено ја прекинаа вакцинацијата со АстраЗенека.

Компанијата АстраЗенека соопшти дека нема причина за загриженост поради нејзината вакцина и дека има помалку пријавени случаи на тромбоза кај оние кои ја примиле инјекцијата отколку кај општата популација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот