Германија ја обвинува Русија за провокација на границата со Украина

Германија денеска ја обвини Русија поради обид за провокација со распоредувањето на војници долж границата со Украина.

– Мојот впечаток е дека руската страна се обидува со се да предизвика реакција. Заедно со Украина, нема да бидеме вовлечени во оваа игра, изјави германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер за националната телевизија АРД.

Зголеменото присуство на Русија на украинската граница предизвика загриженост на Западот во изминатите денови, со изјавата на САД дека бројноста на војската е на највисоко ниво од 2014 година, кога првпат започна војната со сепаратистите поддржани од Москва.

Москва соопшти дека испратила војска на своите западни граници за борбени вежби поради „заканите” од трансатлантскиот сојуз НАТО.

Но, Крамп-Каренбауер изрази сомнеж во тврдењето на Москва.

– Ако станува збор за маневар како што тврди руската страна, постојат меѓународни процедури преку кои може да се создаде транспарентност и доверба, нагласи таа, додавајќи дека Германија многу внимателно ги следи случувањата. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот