Германија ја дозволи вакцината на „Астра-Зенека“ за сите возрасти

астра зенека
Во моментот, Министерството за здравство има на располагање 30 илјади дози вакцини од Астра Зенека, Фото: EPA-EFE/Remko de Waal

Германија ќе дозволи вакцината на „Астра-Зенека“ против ковид-19 да се дава на луѓе од сите возрасти, изјави денеска германскиот министер за здравство Јенс Шпан.

Со ова се поништи претходната одлука со која вакцината на „Астра-Зенека“ беше дозволена само на постари од 60 години.

Шпан исто така рече дека Германија планира до крајот на август да им ја понуди вакцина на деца на возраст од 12 до 18 години, под услов регулаторите да ја одобрат вакцината на „Бионтек/Фајзер“ за таа возрасна група.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот