Германија ја додаде јужна Франција на листата на региони со висок ризик

Германија ја прогласи јужна Франција за регион со висок ризик поради ширење на коронавирусот, што значи дека патниците кои се враќаат од таа област ќе мора да имаат негативен тест, доказ за вакцинација или за прележан Ковид-19 со цел да избегнат карантин, соопшти Институтот „Роберт Кох”.

Германија, исто така, ја отстрани Холандија од листата на региони со висок ризик, соопшти институтот. Двете одлуки стапуваат во сила в недела.

Ако туристите или германските државјани кои се враќаат, доаѓаат од земја со висок ризик, тие прво мора да бидат ставени во карантин, кој може да биде прекинат со негативен тест по пет дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот