Германија ја ангажира армијата во борбата против ковид, новиот Кризен штаб ќе го води армиски генерал

Германска армија EPA-EFE/

Идната германска влада ќе формира кризен штаб за сузбивање на пандемијата. Тој треба да дејствува брзо. Она што е интересно е дека на чело на кризниот штаб ќе биде генерал на Бундесверот.

Идната германска федерална влада сака да формира нов кризен штаб „што е можно поскоро“ за борба против пандемијата.

„На чело ќе има германски генерал“, објави на Твитер Кристијан Линднер, претседател на Либералите (ФДП) и иден сојузен министер за финансии.

Според информациите на весникот „Зидојче цајтунг“ се работи за генерал-мајор Карстен Бројер. Од 2018 година тој е на чело на командата за територијални задачи на армијата на германскиот Бундесвер, која е задолжена за соработка на воените сили со цивилните организации.

„Од избивањето на пандемијата на коронавирус во Германија, велат упатените, 56-годишниот генерал постигна извонредни резултати“, особено кога станува збор за исполнување на барањата за помош што масовно пристигнуваа во Бундесверот во одредени периоди.

Германска армија . EPA-EFE/

Поддршка на Бундесверот

На почетокот на 2020 година, германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер (ЦДУ) формираше контингент во Бундесверот кој имаше задача да обезбеди помош во борбата против пандемијата. Тој контингент го задржа во текот на летото, во време кога многумина мислеле дека треба да се распушти бидејќи тогаш ситуацијата била смирена.

Интересно е што уште еден генерал-мајор повеќе од една година е вклучен во борбата против пандемијата на ковид . Станува збор за докторот на Генералштабот Ханс-Улрих Холтерм (57), кој претходно бил управител на воената болница во Улм. Од март 2020 година, тој го води одделот наречен „Заштита на здравјето, здравствена безбедност, одржливост“, кој потоа беше формиран во рамките на Сојузното Министерство за здравство. Тоа тело, меѓу другото, е задолжено за дневни извештаи за состојбата на пандемијата.

Германска армија . EPA-EFE/

Војници во кризниот штаб

Невообичаено е еден офицер да раководи со медицински кризен штаб. Дури и за време на катастрофалните поплави во 1962 година на брегот на Северното Море, во кои животот го загубија 340 луѓе, Бундесверот, мора да се признае, беше вклучен во акциите, но тој не беше значително поврзан со кризниот штаб.

Воените експерти на ова ново назначување првенствено гледаат како на реклама во јавноста. И го поставуваат прашањето дали првиот човек на кризниот штаб ќе биде надреден во однос на идниот министер или министерот за одбрана. Но, Стивен Зајберт, портпаролот на владата во заминување, веќе јасно стави до знаење дека политичарите ќе одлучат за насоката на борбата против ковид во иднина.

Германска армија . EPA-EFE/

Кристијан Линднер, пак, во понеделникот посочи дека кризниот штаб е важен за логистиката на вакцинацијата. А токму тоа е логистиката што Бундесверот ја организира со месеци. На почетокот на кампањата, воените институции складираа и дистрибуираа вакцини – во меѓувреме беа вклучени и цивилни компании. И контингентот „Обезбедување помош против коронавирусот “, во кој во одредени периоди беа вклучени 25.000 војници, за да се намали на 2.000 во летото 2020 година, сега повторно расте и моментално брои 8.000 членови на Бундесверот.

Во средината на март минатата година, само неколку дена по првите жртви на круната во Европа, францускиот претседател Емануел Макрон воинствено, како ниеден германски политичар, ја предупреди својата земја за тешките времиња што претстојат, велејќи: „Ние сме во војна“.

Армијата е привремено или трајно вклучена во борбата против инфекцијата од вирусот во европските земји, кои како Франција и Шпанија имаа голем број на смртни случаји во првиот бран на пандемијата.

Германска армија . EPA-EFE/

Промена на курсот

Во Германија со претстојната промена на власта по парламентарните избори се промени и политичкиот курс. По завршувањето на примената на инструментот за епидемиолошка вонредна состојба, со помош на кој, коалицијата предводена од канцеларката Ангела Меркел ја водеше земјата низ пандемија и неколку пати ја затвараше со долги карантини , се уште не е целосно јасно како ќе дејствува идната влада.
Коалицијата на социјалдемократите, зелените и либералите сака да избегне целосен лок даун м иако некои од нивните политичари во меѓувреме не ја исклучуваат ниту таа мерка, пишува ДВ.

Новата влада најверојатно ќе ја преземе власта на 8 декември. Но, расте незадоволството од чекањето на тој датум за да се донесат неопходните политички одлуки. Сега е најавено дека Олаф Шолц наскоро ќе даде изјава за овој проблем заедно со генералот Бројер. Тогаш кризниот штаб веќе би можел да почне да разговара, па дури и да одлучува пред новата влада да ја преземе власта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот