Германија: Измерена највисоката температура во последните 72 години!

Фото: EPA / Alexander Becher

Во Германија е измерена рекордна температура за месец јуни, откако во централните делови од земјата, живата во термометарот во неделата достигнала 38,9 степени Целзиусови.

Пред само неколку дека во Кошен, недалеку од границата со Полска, измерена е температура од 38,6 степени, со што е соборен 72-годишен рекорд за месец јуни.

Германската меторолошка служба информираше дека во неделата во Бад Којцнах најниската измерена температура изнесувала 38,9 степени Целзиусови.

Фото: EPA / FRIDEMANN VOGEL

Претходно, температурниот рекорд од 38,5 степени во Германија во јуни бил измерен во 1947 година на југозапад од земјата.

Топлотниот бран зафати голем дел од западна Европа, а метеоролозите предвидуваат дека би можел да биде срушен историски рекорд по висина на температурите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот