Германија итно ќе го разгледа барањето на Полска да и се дозволи извоз на тенкови во Украина

Германската Влада најитно ќе се ангажира за барањето на Полска да и се дозволи на Варшава да извезува тенкови „Леопард” во Украина, изјави денеска државниот секретар во Министерството за економија Свен Гиголд.

„Можам само да ви кажам: Итно ќе работиме за да донесеме одлука”, рече Гиголд на конференцијата за одбрана во Берлин организирана од „Handelsblatt”.

Претходно денеска Германија го доби официјалното барање на Полска за повторен извоз на тенкови „Леопард” во Украина, објави полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак.

Висок функционер во Министерството за надворешни работи, Тобијас Линднер изјави дека конечната одлука дали Германија ќе испрати тенкови „Леопард” во Украина или ќе им дозволи на други земји ќе биде донесена со консензус на Владата во Берлин.

„Верувам дека ви е добро познат ставот на мојата министерка во оваа дебата”, додаде тој, мислејќи се на изјавата на министерката за надворешни работи Анален Бербок, која во неделата објави дека Германија нема да застане на патот на другите земји кои испраќаат тенкови „Леопард” во Киев.

Полска испрати барање до Германија за испорака на тенковите Леопард

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот