Германија инвестира 100 милијарди евра за заштита на климата

Климатски промени / Фото: ЕПА

Германија ќе инвестира најмалку 100 милијарди евра до 2030 година за заштита на климата и енергетска транзиција, што произлегува од конечниот текст договорен денеска во владејачката коалиција на канцеларката Ангела Меркел.

Со тие средства, Германија ќе може да го забрза намалувањето на емисиите на штетни гасови, што досега беше многу пониско од поставените цели.

– Постигнат е договор со многу мерки и годишен механизам за проверка што треба да обезбеди дека се постигнуваат целите за намалување на емисијата на штетни гасови-– изјавиле извори блиски до владата за западни медиуми.

Детали за договорот, склучен по 18 часа разговори, ќе бидат презентирани на прес-конференција. Суштината е дека мора да се преземат мерки за намалување на емисиите штетни гасови и да се овозможи на земјата да ги постигне своите цели за намалување, што сега се доцни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот