Германија им предложила на САД зделка oд милијарда долари за да се зачува „Северен поток-2″

Берлин понудил да потроши милијарда евра за изградба на два терминала за течен природен гас од САД во обид да ги одврати  од воведување санкции за гасоводот „Северен поток 2″, што треба да донесе гас директно од Русија во Германија, објави весникот „Ди Цајт”.

Неделникот нагласува дека министерот за финансии Олаф Шолц го дал предлогот во писмо на 7 август пред Вашингтон да воведе санкции за компаниите вклучени во изградбата на гасоводот преку Балтичко Море, со што ефективно се замрзнува неговата конструкција.

Портпарол на германското Министерство за финансии изјави дека не може да коментира за поединечни извештаи. Нема изјави ниту од американска страна.

САД и многу европски земји се спротивставуваат на гасоводот, што, според нив, ќе ја зголеми зависноста на Европа од рускиот гас.

Германските министри, вклучително и Шолц, нагласија дека ова е мотивација за спротивставувањето на Вашингтон на гасоводот.

Во писмото до секретарот за финансии на САД, Стивен Мнучин, во кое имале увид од весникот, Шолц ветил дека ќе обезбеди до милијарда евра народни пари за изградба на терминалите за природен гас, доколку Вашингтон се согласи да не воведува санкции за компаниите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот