Германија и нуди соработка на Русија со цел да се намали напнатоста околу Украина

Берлин/ Фото EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Проширување на економската соработка со Русија на подрачјето на обновливите извори на енергија, би можело да помогне да се намали тензијата околу Украина, порача германскиот министер за економија Роберт Хабек во разговор со германските медиуми.

 

– Би требало да размислуваме и за нови подрачја на соработка, што може да им помогне и на двете страни да излезат од позицијата на конфликт, изјави министерот во денешното интервју за „Дер Шпигел”.

Коментирајќи ја можноста за исклучување на Русија од меѓународниот платен систем Свифт, членот на Партијата на зелените, кажа дека „општото набројување на санкции” нема смисла.

Тоа е крајната економска санкција, напомена тој, нагласувајќи дека целта му е да се намали напнатоста.

Водечките руски и американски дипломати треба да се сретнат денеска во Швајцарија за повторно да разговараат околу зголемената напнатост во врска со Украина, откако претходните состаноци не доведоа до напредок.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок вчера ја повика Русија да прекине со политиката на зголемување на напнатоста. Баербок предупреди дека во случај на агресивни потези, Русија ќе се соочи со низа санкции.

– Германија е подготвена да ги брани своите суштински вредности во сегашниот ќор-сокак, па дури и ако мора да плати висока економска цена, изјави Баербок во Москва

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот