Германија и натаму останува најголем трговски партнер на земјава

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – октомври 2019 година, изнесува 329.424.006 илјади денари и бележи пораст од 10.8  % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – октомври 2019 година, изнесува 425.554.435 илјади денари, што е за 9.8  % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2019 година, изнесува 96.130.429 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – октомври 2019 година, изнесува 77.4  %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Во периодот јануари – октомври 2019 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – октомври 2019 година, изнесува 5.356.096 илјади евра и бележи пораст од 10.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6.919.135 илјади евра, што е за 9.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2019 година, изнесува  1.563.039 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – октомври 2019 година, изнесува 6.004.696 илјади САД долари и бележи пораст од 4.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7.759.081 илјади САД долари, што е за 3.5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2019 година, изнесува 1.754.385 илјади САД долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот