Германија, Холандија и Италија се подготвуваат за евентуален пад на берзите поради можниот Брегзит без договор

фото: Профимедиа/Берзата во Франкфурт

Германија би можела да преземе кризни мерки за да ја спречи евентуалната паника на пазарот ако Британија излезе од Европската Унија без договор, изјави денес неименуван извор.

Во случај на ненадеен пад на цените на акциите, регулаторите во Германија, Холандија и Италија би можеле на трговците привремено да им забранат т.н. short-selling, за да ги запрат претераните осцилации на цените, рекоа за „Ројтерс“ претставници од тие земји.

Трговците повремено позајмуваат акции од сопствениците, ги продаваат во очекуваниот пад на цени и потоа ги откупуваат по ниска цена, и ги враќаат на сопственикот, задржувајќи ја за себе паричната разлика. Оваа практика се нарекува short-selling.

Германскиот регулатор за финансиски пазари „БаФин“ веројатно ќе утврди група на компании кои ќе бидат посебно ранливи на економските последици од Брегзит и затоа ќе биде забранет претходно споменатиот тип на трговија со нивните акции, велат изворите.

„БаФин“ во минатото ги користеше овие мерки за време на финансиската криза, забранувајќи short-selling на акциите на одредени групи на банки и други фирми.

Берзата во Франкфурт е една од најголемите во Европа и Германија, според наводите, се придружи на зејмите кои ги подготуваат овие мерки, слично како Италија и Холандија.

Портпаролот на холандскиот регулатор „АФМ“ вели дека во случај на ненадеен раст или пад на цените, операторите на берзите на кратко би можеле да суспендираат трговија со финансиски иструменти како што се акциите.

И италијанскиот регулатор би можел да ги примени истите мерки, доколку се појават „екстремни осцилации“ поврзани со Брегизт кои би можеле да ја загрозат финансиската стабилност.

Останатите европски земји, вклучувајќи ја и Франција, не сакаа да откријат кои се нивните планови.

Иако мерките се уште не се активирани, подготвувањето за вакви чекори нагласува зголемена будност на Стариот континент во самата завршница на напнатите преговори за Брегзит на Велика Британија и ЕУ.

Британскиот премиер Борис Џонсон вети дека Британија ќе излезе од ЕУ на 31 октомври, без разлика дали ќе се потпише договор или не.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот