Германија годинава ќе одвои 26,6 милијарди евра за бегалци

Бегалци од Украина, Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Германија планира годинава да одвои 26,6 милијарди евра за бегалци, што е за околу три милијарди помалку од потрошената сума минатата година, објави денеска германскиот весник „Ханделсблат“, повикувајќи се на податоци од Министерството за финансии.

Министерството се уште не дало коментар во врска со тоа.

Податоците од секторот за финансии ќе бидат вклучени во извештајот поврзан со бегалците и трошоците за интеграција, кој се очекува да го разгледа Владата на почетокот на мај, објави весникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот