19 C
Скопје

Германија го менува Законот за авторски права

Германската Влада денеска ги прифати нацрт реформите на Законот за авторски права со кои подобро би се регулирале авторските права на интернет.

Со реформите е предвидено платформите како ЈуТјуб и Фејсбук во иднина ќе треба да одговараат за авторски материјали како музиката, фотографиите или текстовите, а прашањето за обештетување за авторските права ви се решавало преку откупување на лиценци. Користењето на музички или видеоматеријали во траење до 15 секунди или 160 текстуални знаци би било опфатено со така нареченото паушално правило.

Предвидено е и правило по кое сопственикот на авторски права би можел да ја тужи платформата која без негово знаење или одобрување поставила заштитен материјал на интернет.

Законот мора да биде одобрен во двата дома од Парламентот, а одлуката на ниво на Европска унија треба да биде донесена до јуни годинава.

Поврзани вести

Димитров: Естонското искуство може многу да ѝ користи на Северна Македонија на патот кон ЕУ

Слободен печат

Законските решенија за легализација на дивоградби поддржани од матичната собраниска комисија

Слободен печат

Започна средбата помеѓу Пендаровски и Мицкоски

Слободен печат

Филипче: Нема ништо тајно и сомнително при набавката на кинеските вакцини

Слободен печат

Заев очекува Косово да го испочитува меѓународното право и да го екстрадира Африм Исмаиловиќ

Слободен печат

Германија ќе ја препорача вакцината на Џонсон и Џонсон за лица постари од 60 години

МИА Агенција

Остави Коментар