Германија ги заострува мерките: Ќе се забранува патување во и надвор од погодените области

Фото: Архива

Германија планира да воведе построги мерки за спречување на коронавирусот на локално ниво и надминување на заканата од втор бран, се наведува во нацрт-договорот меѓу федералните и регионалните власти.

Како што пренесуваат странските агенции, новите правила ќе вклучуваат забрана за патување „во и надвор од погодените области” за ограничување на ширењето на вирусот, се наведува во документот. Планот се очекува да биде финализиран денеска.

Во нацрт-документот се нагласува дека забраната за патување треба да се изрече „ако бројот продолжи да расте и не е сигурно дека синџирот на заразата не е прекинат” во погодената област.

Во вторникот германската канцеларка Ангела Меркел ја поддржа забраната за патување на луѓе од жариштата со случаи на коронавирус, наметнати од локалните власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот