Германија ги продолжува ограничувањата поради пандемијата до јануари

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Германската канцеларка Ангела Меркел и лидерите на федералните држави одлучија до јануари да ги продолжат ограничувањата воведени поради пандемијата на ковид-19.

Меркел рече дека Германија е сè уште многу далеку од својата цел, а тоа е бројот на заразени на 100.000 жители да го намали на 50.

Во Германија во моментов во сила е забрана за работа на ресторани, кафулиња и спортски сали, како и ограничувања на личните контакти. Овие мерки ќе важат до 10 јануари, иако е договорено некои ограничувања да бидат ублажени за време на Божиќ.

Германската канцеларка исто така изрази доверба во постапката за проценка на вакцините со цел издавање на одобрение за ставање во промет спроведена од Европската агенција за лекови.

Агенцијата соопшти дека ќе се состане на 29 декември за да го разгледа барањето поднесено од компаниите Фајзер и Бионтек, чија вакцина вчера доби дозвола за употреба во Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот