Германија ги предупреди своите граѓани да не патуваат на северот на Косово

EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

По предупредувањето кое британската амбасада во Приштина го испрати до своите граѓани да не патуваат во северниот дел на Косово и Метохија и германското Министерството за надворешни работи издаде предупредување за германските државјани да не патуваат во општините Зубин Поток, Лепосавиќ, Звечан и Северна Митровица бидејќи, како што се наведува во соопштението, ситуацијата во таа област и понатаму е тензична.

„Иако насилството обично не е насочено против странци, не може да се исклучи фактот дека можни се изолирани инциденти кои би ја загрозиле безбедноста и би ја ограничиле начелната слобода на движење“, се вели во препораките на Министерството за надворешни работи на Германија.

Во соопштението, објавено на официјалната интернет-страница на Министерството, се потсетува и дека на 16 јануари 2018 година бил убиен познатиот српскиот политичар Оливер Ивановиќ, во северниот дел на Митровица, поради што германското министерство препорачува граѓаните пред да отпатуваат во северниот дел на Косово да се информираат за ситуацијата и внимателно да го подготват патувањето. Исто така, германските државјани се советуваат, доколку е можнo, на индивидуални патувања да бидат во придружба на локални водичи, пренесува „Дојче веле“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот