Германија ги повика земјите-партнери Тедрос да добие нов мандат на чело на СЗО

Тедрос Аданом Гебрејсус / Фото: EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан го поддржа вториот мандат на шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, и ги повика другите земји да го поддржат овој поранешен министер за здравство на Етиопија пред да му заврши мандатот оваа недела.

– Ги повикувам земјите-партнери да ни се придружат да го поддржиме назначувањето на извршниот директор Тедрос, изјави Шпан за британските медиуми.

Поддршката е значајна бидејќи Германија е главниот финансиски поддржувач на СЗО.

Минатата недела, извори на британските медиуми соопштија дека Тедрос најверојатно нема конкуренција за втор мандат на чело на СЗО, додека се обидува да го води светот низ најголемата здравствена криза на векот.

Тедрос ја водеше агенцијата за време на неколку епидемии на ебола, а преживеа и остри критики од администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за Ковид-19 за тоа дека наводно е „наклонет кон Кина”.

Овие критики вчера повторно се појавија во уводникот на „Волстрит Журнал” (WSJ), спротивставувајќи им се на вториот мандат на Тедрос.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот