Германија ги критикува најавите за санкции од САД за гасоводот Северен тек 2

Германската Влада изрази жалење поради најавите од САД дека би можеле да ги продолжат санкциите за гасоводот „Северен тек” 2, кој треба да ја поврзе Русија со Германија.

„Новите санкции би биле сериозно мешање во европската енергетска безбедност и суверенитетот на Европската унија”, се наведува во соопштението на германското Министерство за надворешни работи.

Вашингтон воведе санкции кон крајот на минатата година, наменети за бродовите кои поставуваат цевки во Балтичкото Море и странските државјани кои се вклучени во тие работи. Мерките го одложија завршувањето на проектот, планирано за крајот на минатата година.

Овој месец, група американски сенатори претставија предлог-закон, со кој се предлага санкционирање на компаниите кои обезбедуваат бродови за други активности поврзани со проектот.

Вашингтон предупредува дека ЕУ ќе биде уште повеќе зависна од рускиот природен гас поради гасоводот, на што предупредија Украина и некои членки на ЕУ, како Полска.

Русија, пак, тврди дека САД се обидуваат да го урнат гасоводниот проект за да го отворат патот за американските снабдувачи на природен гас кој, како што тврди Москва, ќе се извезува во ЕУ по повисоки цени од руските.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот