Германија ги категоризира земјите во само две ковид-зони: „висок ризик“ и „вирусна варијација“

Вакцинација против коронавирусот во Германија
Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Од денеска сите кои од странство пристигнуваат во Германија мора да достават негативен тест за коронавирус, документ дека биле заразени со коронавирус или дека се вакцинирани.

Мерката не се однесува на деца под 12-годишна возраст.

Исто така, од денеска, Германија ќе ги категоризира земјите само во две зони: „зони со висок ризик“ и „зони со вирусни варијации“.

По пристигнувањето од „области со висок ризик”, граѓаните кои не се вакцинирани или претходно немале коронавирус, подлежат на 10-дневен карантин.

По пристигнувањето од „зони со вирусни варијации“ ќе мора да минат во задолжителен 14-дневен карантин.

Секоја федерална држава самостојно ги уредува деталите за карантинот и може да ги заостри мерките, предупредува Министерството за надворешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот