Германија: Еден пилот загинал после судирот на два Еурофајтер авиони - Слободен печат
ВестиПланета

Германија: Еден пилот загинал после судирот на два Еурофајтер авиони

Германските воздушни сили потврдија дека нивните два воени авиони се срушиле откако се судриле на североисток во земјата.

Еден пилот починал после судирот на два германски Еурофајтер авиони на североисток во Германија, пренесува телевизијата Н-ТВ, додека пилотот на другиот авион бил пронајден жив.

Германските воздушни сили потврдија дека нивните два воени авиони се срушиле откако се судриле на североисток во земјата, а пилотите успеале да се катапултираат.

Германските медиуми пренесуваат дека падот на авионите при судирот предизвикал и шумски пожари, како и тоа дека можеби се погодени населени места.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close