Германија: Демохристијански пратеници осомничени за земање мито при набавка на маски

 Повеќе пратеници на владејачката германска Христијано-демократска унија (ЦДУ) осомничени се дека се стекнале со стотици илјади евра за лобирање на набавка на маски од одредени фирми, објави Дојче веле.

Аферата се случува половина година пред парламентарните избори во Германија и би можела да влијае врз рејтингот на ЦДУ.

Пратеникот од Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), сестринска партија на ЦДУ, Георг Нислајн вчера се повлече од функцијата заменик шеф на пратеничката група и најави дека нема да се кандидира на следните избори. Тој е осомничен дека земал 660.000 евра од една консултантска куќа за да помогне на одредени производители на заштитни маски да добијат големи државни нарачки.

Минатата недела Државното обвинителство во Минхен соопшти дека постои основано сомнение за земање на мито. А, беа спроведени и рации на 13 локацииво Германија и во Лихтенштајн.

Осомничен е и пратеникот од  ЦДУ, Никлас Лебел, кој земал 250.000 евра. Тој барал по 12 центи од маска од добавувачот од Кина за да обезбеди државна набавка.

Шпигел објави дека и други пратеници од ЦДУ се осомничени за земање на мито.

Во септемри треба да се одржат избори за Бундестагот, а според последните анкети демохристијаните имаат поддршка од 33 отсто и имаат најголеми шанси да ја предводат Владата и по пензионирањето на канцеларката Ангела Меркел. На 14 март има избори во покраините Баден-Виртемберг и во Рајналанд-Пфалц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот