Германија: Брзите тестови за коронавирус ќе се наплаќаат од 1 јули

Фото: EPA-EFE/LEX VAN LIESHOUT

Германија ќе започне да ги наплаќа брзите тестови за коронавирус, кои досега беа бесплатни, но ќе ги ослободи ранливите групи од плаќањето.

„Од 1 јули, брзите тестови, кои се широко достапни низ цела Германија, ќе ги чинат граѓаните по 3 евра, а остатокот ќе го сноси државата“, изјави денеска германскиот министер за здравство Карл Лаутербах.

Тестовите ќе останат бесплатни за луѓето кои припаѓаат на ранливите групи, лицата во старските домови, болниците и децата.

Планираниот прекин на бесплатните тестови предизвика загриженост дека во Германија може да се забележи пораст на инфекции со коронавирус во наредните месеци.

Во последните 24 часа, Германија регистрираше повеќе од 108 000 нови случаи на инфекција, како и 90 смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот