Германија беше елиминирана, но Ноер испиша историја

Фото: EPA-EFE/Friedemann Vogel

Германија вчера приреди уште едно разочарување за своите навивачи и второ Светско првенство во низа е елиминирана во групната фаза. Германците вчера ја победија Костарика, но поради победата на Јапонија против Шпанија останаа третопласирани.

Меѓутоа со елиминацијата на Германија историја испиша Мануел Ноер. Ноер ги помина сонародникот Сеп Мајер и Бразилецот Клаудио Тафарел кои имаа по 18 настапи на Мундијалите.

Во кариерата за Ноер ова беше четврто Светско првенство. Во Јужна Африка во 2010 година бранеше на шест натпревари (го пропушти натпреварот против Уругвај за третото место).

На СП во Бразил кога Германија го освои трофејот бранеше на сите седум натпревари. Во Русија како и сега во Катар бранеше на три натпревари. Вкупно Ноер е на бројката од 117 натпревари за репрезентацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот