ГЕРМАНЕЦ ПРЕДИЗВИКАЛ ПАНИКА НА МУЗИЧКИ ФЕСТИВАЛ: Оставил торба со лажна бомба

Фото: Профимедиа

Швајцарската полиција уапсила еден Германец кој е осомничен дека е поврзан со торба во која била најдена лажна бомба, во близина на место каде се одржувал техно-музички фестивал во Цирих изминатата сабота, јавуваат тамошните медиуми.

Како што се пренесува,  осомничениот 31-годишен маж од Германија, кој живеел во Швајцарија, најверојатно е сопственик на контроверзниот ранец, пренесува агенцијата АП.

Осомничениот, чие име не е соопштено во јавноста, бил уапсен во неделата во својот дом во близина на кантонот Аргауа.

Полицијата го истражувала мотивот кој го имал осомничениот за да направи лажна бомба и да ја остави во торба, но според досегашните информации не била откриена никаква идеолошка позадина во оваа постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот