Германец и Италијанка криумчареле мигранти од Гана преку Македонија

Од Судија на претходна постапка од Основен суд Скопје 1 на пријавените им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Еден 33-годишен германски државјанин, како и 30-годишна државјанка на Италија,  биле фатени
откако се обиделе да криумчарат мигранти од Гана преку ГП „Богородица“.

Според МВР, на граничниот премин од слобода е лишен Германецот К.Е, бидејќи во патничко возило „фолксваген“, со германски национални ознаки, превезувал три лица од Гана, кои при пасошка контрола приложиле туѓи патни исправи.

Пасошите биле во сопственост на лица од Шведска, Германија и Холандија, за кои подоцна било утврдено дека биле украдени во текот на 2019 година.

Во врска со настанот, подоцна била приведена и Италијанката Р.А.

Од Судија на претходна постапка од Основен суд Скопје 1 на пријавените им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот