Германец баран од Интерпол уапсен на Попова Шапка

Апсење/ Фото: МИА

Педесет и петгодишен Германец кој германската полиција го бара за набавка на 700 килограми кокаин деновиве бил приведен во земјава. Германскиот државјанин се барал со меѓународна потерница на Интерпол заради организирање и набавка на 700 килограми кокаин од Јужна Америка до Хамбург.

Од спроведената истрага, информираат од полицијата, утврдено е дека пред да биде лишен од слобода, германскиот државјанин, неколку месеци престојувал на територија на Македонија, поточно во викенд населбата на Попова Шапка, со лажен идентитет.

– На 21 август од страна Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и соодветен број на припадници од ОСПО и полициски службеници од СР Германија, а по претходно изготвен план за реализација и издадена наредба од судија на претходна постапка, извршен е претрес во викенд куќата и лишен од слобода е германскиот државјанин Р.В.Л.. При претресот пронајдени и одзмени се и помала количина кокаин и марихуана, како и пет телефони, две платежни картички, пари, лап-топ, германска патна исправа на друго име, фалсификувана полска возачка дозвола и други предмети. По лишувањето од слобода германскиот државјанин е предаден на Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР на Македонија заради понатамошна постапка во однос на распишаната меѓународна потерница од Интерпол. На 22 август ОЈО Тетово поднесе кривична пријава против Р.В.Л. поради основано сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Тој е изнесен пред судија на претходна постапка, кој одреди мерка екстрадиционен притвор во траење од 30 дена – велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот