Германец пронајден мртов во куќа во Хром

Фото: МИА

57-годишен државјанин на Германија бил пронајден мртов во куќа во скопската населба Хром, соопшти полицијата.

„Вчера во 20:37 часот во СВР Скопје било пријавено дека дека во куќа на ул.„Кленоец” бил пронајден починат О.Д.Х(57) од Сојузна Република Германија, со престој во Скопје. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош“, велат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот