Германците се тестираат од коронавирус на паркинг: Доаѓаат со возило, даваат брис и дома ги чекаат резултатите (ВИДЕО)

Според последните анкети, 68 отсто од Германците го поддржуваат воведувањето на задолжителна вакцинација/ Фото: МИА

Германија користи и компјутерска технологија за да ги следите локациите или мобилните телфони на граѓаните кои се заразени од коронавирус.

Германија воведе масовно тестирање, па се прават и по 50.000 тестови за коронавирус дневно, пренесуваат медиумите.

Од Институтот Роберт Кох велат дека од почетокот на пандемијата се тестирани над 918.000 луѓе, што ја стави Германија на самиот врв во Европа според масовното тестирање.

Колку се сериозни во тоа сведочи и податокот дека тестирањата се вршат и на специјално опремени пунктови на кои се пристига со автомобил. Потоа медицински работници земаат брис преку прозорец, а постои и опција и само себеси да си земете брис за да можат медицинските работници да бидат позаштитени од потенцијално заразените.
Германија користи и компјутерска технологија за да ги следите локациите или мобилните телфони на граѓаните кои се заразени од коронавирус.

Секој кому му е потврден вирусот мора потоа да се самоизолира, или дома или во установа предвидена за карантин.

Според последните податоци, во Германија се заразени 90.964 лица, а починале 1.234.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот