Германците се предомислија, и натаму нема старт на Бундеслигата

фото: твитер

Сè е одложено за в среда, така што не постои можност само три дена подоцна да се продолжи со натпреварите.

Иако беше планирано најквалитетната германска фудбалска лига да продолжи на 9 мај, такво нешто најверојатно нема да се случи, односно почетокот ќе биде поместен.

Бундеслигата нема да продолжи според планираниот датум, Германците најавуваа враќање на фудбалските возбудувања претходните денови, но доаѓаат нови препораки од надлежните.

Канцеларката Ангела Меркел и премиерите на 16 сојузни држави на денешниот состанок решија да ја одложат одлуката околу тоа дали е безбедно од наредниот викенд повторно на терените да се врти топката.

Сè е одложено за в среда, така што не постои можност само три дена подоцна да се продолжи со натпреварите. Можно е сезоната во германската лига да продолжи најрано на 16 мај.

Иако пред неколку дена директорот на лигата, Кристијан Зиферт рече дека Бундеслигата е подготвена за завршување на сезоната и дека го предложи 9 мај за рестартирање, тој датум отпаѓа од игра.

И самиот како што вели од Бундеслигата одлуката е донесена, останува само на оние што донесуваат политички одлуки да ја дадат својата препорака, или дозвола за играње на натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот