Германците примораните да го вратат фудбалот, или натпревари или банкрот

фото: EPA-EFE/ARMANDO BABANI

Од денеска по двомесечна пауза, бундеслигата е првата елитна лига која се врати на терените иако до крајот на сезоната ќе се игра пред празни трибини.

Додека фудбалерите се поделени, некои се радуваат на враќањето на теренот, додека другите го критикуваат продолжувањето на сезоната, економистите тврдат дека на теренот не се тркала само топката, туку и големи суми на пари, анализира Дојче Веле.

– Сигурно дека и медиумските партнери на Бундеслигата вршеа притисокда се продолжи сезоната бидејќи правата на преносите на натпреварите се важен дел од бизнис моделот на фудбалските екипи – вели Хенинг Фепел, од институтот за светска економија во Хамбург.

Но, не се само парите од ТВ преносите важни за екипите, тука се и рекламите на облеката на спортистите и рекламите на трибините.

– Многу спонзори веќе платија за своите реклами, но за возврат не добија ништо и логично е да размислуваат за прекин на соработката. Фудбалот се состои од цел ланец на услуги и исплати кои влијаат едни на други – потенцира Фепел.

Клубовите во продолжение од Бундеслигата нема да можат да сметаат и на уште еден важен приход за полнење на клупската каса, приходите од влезниците.

Магазинот „Кикер“ пресмета дека екипите од Бундеслигата ќе останат покуси за 67 милиони евра, додека екипите од Цвајта нема да сметаат на 22 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот