Германците одлучија: Ќе има навивачи на натпреварите во Бундеслигата!

На состанокот на претставници на 16 германски сојузни држави беше договорено да се воведе шестнеделен пробен период за навивачите на трибините.

За тоа време, ќе биде дозволено 20 проценти од капацитетот на стадионите да биде исполнет со фанови на фудбалските натпревари.

Ќе се применуваат строги епидемиолошки мерки на стадионите како држење дистанца, носење маски, стои забрана за доаѓање на гостински гости, а ќе биде забранет и алкохолот на трибините.

Секој билет ќе биде персонализиран со цел да следат движењата на сите луѓе кои доаѓаат на стадионите.

Новата сезона во Бундеслигата започнува в петок (18 септември) со првиот натпревар, дербито помеѓу Баерн и Шалке кои ќе играат од 20.30 часот на „Алијанц“ Арената во Минхен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот