Германците ја декласираа Австрија

Ракометната репрезентација на Германија оствари убедлив триумф од 12 гола разлика против еден од домаќините на Европското првенство, Австрија.
Германија славеше со 34:22 над Австрија, а со победата „панцирите“ речиси сигурно ја обезбедија третата позиција во групата 1 од втората фаза.

Тимо Кастенинг со шест гола беше најпрецизен кај Германија, Тобија Рајхман еден гол помалку, а на голот блескаше Јоханес Битер кој имаше дури 15 одбрани.

Кај Австријците, најефикасен беше Никола Билик со пет гола. Натпреварот го судеа македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот