Германците го менуваат шефот на воената разузнавачка служба

Шефот на германската воена разузнавачка служба ќе биде сменет во октомври, додека властите ги интензивираат напорите за искоренување на десничарските екстремисти во армијата, соопшти денеска Министерството за одбрана.

Германската министерка за одбрана, Анегрет Крамп-Каренбауер одлучи да го разреши Кристоф Грам наредниот месец, „со негова согласност”, од функцијата директор на Воената разузнавачка служба (МАД), се вели во соопштението на Министерството. Се додава дека наскоро ќе биде донесена одлука за негов наследник.

Грам го предводи МАД од јануари во 2015 година. Министерството за одбрана ги истакна неговите заслуги во започнување на реформите и подобрување на работата во службата, но додаде дека тој и Крамп-Каренбауер се согласуваат оти наредната фаза на модернизација бара нов стимул што „треба да биде видлив и во кадровските промени”.

Прочитајте и...  Санофи и ГСК ќе обезбедат 200 милиони дози од својата ковид вакцина за Ковакс

Неодамнешното откривање на неколку припадници на крајната десница во армијата предизвика тревога кај германските власти.

Министерот за одбрана во јуни распушти дел од елитните специјални сили, велејќи дека елитната група се изолирала од остатокот на вооружените сили на Бундесверот и дека во изолација, некои нејзини делови развиле токсична култура што раководството ја толерира со години.

Поврзани вести

ВИДЕО: Ова е младата пратеничка на која Дачиќ и отстапи микрофонот за пеење

Илинка Иљоска

Италија пријави најмногу заболени во еден ден, речиси 25.000

Слободен печат

Со позитивен корона тест, но лесни симптоми и Марјан Забрчанец

Строгите мерки во Ирска даваат резултати со бројот на новозаразени

Илинка Иљоска

Налепниците за растојание во Либија го добија ликот на Макрон

Илинка Иљоска

Детално за мерките и казните – маските се задолжителни секаде, без нив – 20 евра

Слободен печат

Остави Коментар