Германците тераат сеир со „тајниот агент 007“ на Јунајтед: Јас сум Санчо, Џејдон Санчо

Санчо во летниот преоден рок пристигна во Манчестер јунајтед во трансфер вреден 85 милиони евра/принтскрин

Англискиот репрезентативец Џејдон Санчо во летниот преоден рок беше најскапата аквизиција на Манчестер јунајтед кој за него плати 85 милиони евра, но досега не покажа апсолутно ништо во Премиер лигата.

„Ова е неговиот дом, ова е местото на кое припаѓа. Џејдон Санчо е Јунајтед“, напиша англискиот тим кога го потврди трансферот на фудбалерот.

„Црвените ѓаволи“ платија 85 милиони евра за фудбалерот кој во дресот на Борусија Дортмунд одигра 137 натпревари на кои постигна 50 голови и имаше 64 асистенции, но досега не добија апсолутно ништо.

Санчо е цел на големи критики и тоа од легендите на Манчестер јунајтед, но сега германската телевизија Скај буквално „го уништи“ 21-годишниот фудбалер.
Голови – 0
Асистенции – 0
Натпревари – 7
Телевизијата објаснувајќи го учинокот на фудбалерот во дресот на Јунајтед, објави фотографија од Санчо во одело и напиша „викајте ме 007“, алудирајќи на славниот филмски херој, Џејмс Бонд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот