Германците дадоа мислење како настанал пожарот во тетовската болница

img alt
Пожарникари и цивили вадат жртва на пожарот што избувна во тетовската модуларна ковид болница / Тетово, 8 септември 2021 / EPA-EFE/STRINGER

По четири месеци чекање, во петокот пристигна извештајот од германските експерти кои дадоа свое мислење како настанал пожарот во тетовската модуларна болница. Извештајот, велат од ОЈО се преведува и тој процес се одвивал со големо внимание бидејќи во наодите имало многу стручни мислења од германските експерти.

За овој извештај, ОЈО велеше дека е важен сегмент од истрагата, за да се дојде и до точните виновници за пожарот во кој 14 пациенти кои се лекуваа од коронавирус го загубија животот.  Сега, извештајот ќе се доведе во корелација со останатите докази кои ги прибраа македонските истражители и тимови, а преку кои се констатираше дека спој на струја за време на реанимација на пациент е причината за избивање на пожарот.

Германското вештачење е побарано преку меѓународна правна помош, што би значело дека тоа ќе може да се употреби и во евентуална судска постапка. Досега, завршени се три вештачења. Првото е направено од Министерството за внатрешни работи, од кое се утврди дека спој на струја за време на реанимација на пациент прегреал продолжен кабел по што настанал пожарот. Второто е од Технолошкиот факултет, за кое нема детали до какви сознанија е дојдено и третото е направено од електроинженер околу инсталациите во болницата.

Во страотниот пожар кој ја пеплоса модуларната болница во Тетово, со себе однесе и 14 животи на пациенти кои се лекуваа од коронавирус, но и членови на семејствата кои биле внатре. 12 лица беа спасени пред објектот целосно да изгоре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот