Германците да го напуштат Либан – предупредување од германското МНР

Или напуштање на Либан, или подготвеност за вонредна состојба – Министерството за надворешни работи на Германија со предупредување до своите граѓани во време на зголемени тензии меѓу Израел од една страна и Иран и либанската група што ја поддржува Хезболах, од друга страна, јави ДПА.

Портпаролката на Министерството денеска изјави дека е испратено уште едно писмо до Германците во Либан во кое се бара веднаш да ја напуштат земјата додека светот ја чека реакцијата на Техеран за убиството на двајца водечки противници на Израел, вклучително и командант на Хезболах.

Германците кои остануваат во земјата „можеби ќе треба да се грижат сами за себе подолг временски период во кризна зона“, се вели во пораката.

„Амбасадата ги повика луѓето итно да складираат храна, вода, лекови и готовина за неколку недели“, рече портпаролката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот