ГЕРИЛА АКЦИЈА ВО БИТОЛА: Ова не е паркинг (ФОТО)

Најновата герила акција која се спроведува во Битола се вика „Ова не е паркинг“, а битолчани на оние кои се погрешно паркирани на автомобилите им закачија жолти балони на кој пишува „Ова не е паркинг“.

„Иако Битола не е голем град паркирањето на јавните површини и тротоари зема се поголем замав и на одредени локации низ Битола. Практично е невозможно безбедно движење на пешаците. Во изминатите неколку години поради трендот на узурпацијата на тротоарите предизвикани се повеќе несреќи, а постарите граѓани, инвалидизираните лица, велосипедистите и децата се почесто се обесхрабрени да се движат на одредени локации низ Битола“, наведуваат организаторите на акцијата.

Целта на оваа акција е да се изврши притисок врз надлежните односно Општина Битола и МВР сериозно да се зафатат со решавањето на овој проблем и да ги вратат колите на улиците и пешаците на тротоарите.

View this post on Instagram

?✊ #Битола 12.07.2019 ⚡️ Reposted • @poinaku : „Акцијата „Ова не е паркинг” е посветена на узурпацијата на јавните површини во Битола. Граѓаните секојдневно се соочуваат со проблеми кои го ограничуваат нивното движење и ја загрозуваат нивната безбедност. Иако Битола не е голем град паркирањето на јавните површини и тротоари зема се поголем замав и на одредени локации низ Битола. Практично е невозможно безбедно движење на пешаците. Во изминатите неколку години поради трендот на узурпацијата на тротоарите предизвикани се повеќе несреќи, а постарите граѓани, инвалидизираните лица, велосипедистите и децата се почесто се обесхрабрени да се движат на одредени локации низ Битола.⁣ Целта на оваа акција е да се изврши притисок врз надлежните односно општина Битола, Мвр сериозно да се зафатат со решавањето на овој проблем и да ги вратат колите на улиците и пешаците на тротоарите.” ⁣ ⁣ ? Сведоци сме на повеќе артивистички подвизи изминатиов период, браво за сите совесни граѓани кои се свесни дека сите имаме еднаква одговрност во општеството!!! ? ⁣ ⁣ Секоја чест за @poinaku кои повторно пренесуваат есенцијална порака !!! ?

A post shared by СП. (@slobodenpecat) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот