ГЕРИЛА АКЦИЈА ВО БИТОЛА: Ова не е паркинг (ФОТО)
Најновата герила акција која се спроведува во Битола се вика „Ова не е паркинг“, а битолчани на оние кои се погрешно паркирани на автомобилите им закачија жолти балони на кој пишува „Ова не е паркинг“.
„Иако Битола не е голем град паркирањето на јавните површини и тротоари зема се поголем замав и на одредени локации низ Битола. Практично е невозможно безбедно движење на пешаците. Во изминатите неколку години поради трендот на узурпацијата на тротоарите предизвикани се повеќе несреќи, а постарите граѓани, инвалидизираните лица, велосипедистите и децата се почесто се обесхрабрени да се движат на одредени локации низ Битола“, наведуваат организаторите на акцијата.
Целта на оваа акција е да се изврши притисок врз надлежните односно Општина Битола и МВР сериозно да се зафатат со решавањето на овој проблем и да ги вратат колите на улиците и пешаците на тротоарите.