Герила Акција „Стоп за фрлање храна”

ФОТО: МИА

„Стоп за фрлање храна” е насловот на герила акцијата што денеска ја организира граѓанската организација „Банка за храна” пред влезот на депонијата Дрисла.

Целта на овој настан, како што потенцираат организаторите е да ги „запрат” СИТЕ кои имаат намера да фрлат храна на депониите и ѓубриштата во нашето општество.

-Генералното собрание на Обединетите Нации во декември 2019 година го назначи 29 Септември како Меѓународен ден за подигање на свеста за загубите и отпадот на храна (International Day of Awareness of Food Loss and Waste), во таа чест и по тој повод Здружението „Храна за сите – Банка за храна Македонија” и партнерите ЦБФ Македонија, членки на ВСС Ефект Коалицијата и волонтери од бројни организации решивме на симболичен начин дадеме свој придонес и укажеме на ОГРОМНИОТ проблем од загубите и отпадот во храна, наспроти големата немерлива сиромаштија и глад кои ги имаме во нашето општество, велат организаторите.

Планираните акции се во рамки на одбележување на Првиот Ден Д, 29 септември  Меѓународниот ден за подигање на свеста за загубите и отпадот на храна (IDAFLW), во рамки на Глобалната акција на ФАО и Европската Федерација на Банки за храна – ФЕБА ширум Светот и Европа. 

-Нé секоја храна која завршува на депониите местото и е на тие места, има храна која може да се конзумира од нас луѓето, затоа сме решени да го “сопреме тој егзодус на храна” кој е производ на нашето несоодветно однесување и постапување со истата. Затоа решивме да застанеме пред Депонијата ДРИСЛА во с.Батинци и да ги проверуваме сите “намерници” кои имаат намера да фрлат храна! Нашето мото е да ги храниме економиите, а не депониите”се вели во соопштението од организаторите на герила акцијата. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот