Герет Бејл во составот на Реал за пријателски натпревар со Рома

Напаѓачот Герет Бејл е вклучен во составот на Реал Мадрид за пријателскиот натпревар против Рома.

Претходно беше објавено дека 30-годишниот Велшанец не е во плановите на тренерот Зинедин Зидан и веројатно ќе го напушти тимот ова лето.

Главен претендент за услугите на Бејл беше кинескиот Џијангсу Сунинг, но страните не можеа да постигнат договор.

Исто така, постоеше опција играчот да оди во некој од англиските клубови, Манчестер хунајтед и Тотенхем, но трансфер-прозорецот веќе е затворен во Англија.

Така, веројатно е дека Бејл ќе остане во Реал, барем до зимата.

Пријателскиот натпревар Реал Мадрид – Рома ќе се одржи вечер од 20 часот на „Олимпико” во Рим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот